
На 1 февруари годинава како што беа првичините предвидувања штипјани нема да се приклучат на хидро системот Злетовица од каде што треба да добиваат чиста вода за пиење. Денеска првиот човек на град Штип, Иван Јорданов истакна дека испитувањата од белградскиот институт за јавно здравје се позитивни, но се уште се чека официјална потврда од Институтот во Скопје. Тоа значи дека најрано што може да се добие водата од хидро системот Злетовица е 1 март.
„Јас се надевам дека доколку ги проследиме сите потребни технички документации, постапки, одлука на Советот и слични други активности, официјално некаде од 1 март практично ќе можеме да ја пуштиме водата од ХС Злетовица во системот на ЈП „Исар“ со веќе склучен договор со ова јавно претпријатие“ – кажа Јорданов.
Тоа значи дека и во месец февруари сметката за електирчна енергија на Јавното претпријатие Исар ќе биде зголемена за три до четири пати. Сметката за струја за месец јануари се уште не е доспеана, но Јорданов истакна дека финансиски ќе му се помогне на претпријатието, а следствено на тоа нема да се асфалтираат минимум четири улици.
Додека штипјани да почнат да добиваат вода за пиење од Хидро системот Злетовица се користат бунарите, поради кои и сметката за електирчна енергија е доста висока.
Лаура Стојанова М-Нет