Расте бројот на амбулантски прегледи во КБ Штип, за 24 часа прегледани 72 пациенти

Четири ново примени пациенти на штипското инфективно одделение се регистрирани во последните 24 часа, оздравени нема. Според извештајот од болницата моментално хоспитализирани се 44 ковид пациенти, од кои 36 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 10 пациенти. Но бројот на амбулантски прегледи расте од ден на ден, па во изминатото деноноќие прегледани се 72 пациенти. Нема регистрано починати лица, откако во текот на вчерашниот ден битката со ковид 19 ја изгубија три лица. Слобоодни се 16 кревети на Инфективното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во Кочани нема хоспитализирано ковид паценти на Интерното одделение кое работеше како ковид оддел, потврдуваат од болницата.

Во општините од Истокот моментално активни се 709 ковид случаи, најмногу во Штип 276 и во Кочани 158. Во останатите општини од Истокот бројката е двоцифрена вклучувајќи ги и Македонска Каменица и Пехчево каде има активни 25 односно 18 ковид случаи.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.710.444 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397.

Лаура Стојанова М-Нет