
По 6000 денари еднократна помош ќе добијат 100 пензионери со најниски примања од страна на Општина Штип во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Како што соопштува градоначалникот Иван Јорданов, подршката е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
„Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања. Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
Главната цел на оваа иницијатива е подобрување на финансиската состојба на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност кон поддршка на најранливите категории граѓани.“, соопштува Јорданов на социјалните мрежи
Со ваквата поддршка, очекувањата се дека сите пензионери во пресрет на празниците ќе бидат задоволни и достојно ќе ја прекаат новата 2026 година.
Иван Митев, М-Нет