ВМРО ДПМНЕ: Проектите на СДСМ не ја видоа светлоста на денот! СДСМ: Што направивте вие со општинските пари?

Програмата „Живот за сите“ во Штип беше предмет на разгледување на денешната прес – конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Од таму велат дека повеќето проекти не виделе светлост на денот, а програмата на СДСМ секогаш била лажни ветувања само со различен облик.

„Нова детска градинка во с. Караорман, нова спортска сала во училштето во насела Три чешми, канализација за населбата Железничка… Ова се само три проекти за едни од најголемитеприградски населби, напишани во програмата „Живот за сите во Штип“, кои беа ветени, но, за жал, нереализирани. Жителите на овие населби останаа излажани, бидејќи ниту еден од набројаните проекти не ја виде светлината на денот! Напротив, денес луѓето од овие населени места имаат уште поголеми проблеми и фрутрљации за разлика од претходно. Овие населби имаат недостаток на вода, раскопана патна инфраструктура до градот, но и сериозни фекални проблеми! Таков беше мандатот на Бочварска, така е и сега, во време на Николов! Односно, празните ветувања и големите разочарувања од СДСМ, очигледно, го менуваат обликот, но не и содржината!“ – истакнаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Од ОО на СДСМ Штип, пак, возвратија со прашање: што ВМРО ДПМНЕ правеле со општинските пари додека владееле оти нивните проекти биле со непроменет износ на годишниот општински буџет.

„Она што ВМРО ДПМНЕ го реализираше во своето 8 годишно владеење може да се опише со неколку збора- испразнета каса и натрупани долгови и излажани и изманипулирани граѓани. За разлика од нив, СДСМ во изминативе четири години, изгради нова градинка по цели 30 години, централните и подрачните училишта се реновираат и обновуваат, едни од најголемите приградски населби како Балканска, Чардаклија  конечно се поврзани на градскиот водовод, а во тек е и поврзувањето на населбата Македонка. Во населбата Караорман изградени се нови улици, поставена е и канализација. Од денеска започнува и реализација на проектот за поставувањето канализација во населбата Железничка. И сето тоа со непроменет износ на годишниот општински буџет. Прашањето што ние го поставуваме е што правеле ВМРО-ДПМНЕ со општинските пари додека тие владееле? Како тоа ги трошеле истите општински пари, а ги оставија училиштата студени, запоставени и на забот на времето, оставија фушерски поминати улици и ниту еден значаен капитален проект зад нив?“ – додадоа од СДСМ.

Ребека Спасова МНет