
Договор со приватна фирма за јавно приватно партнерство за промена модернизирани и одржување на уличното осветлување на улиците во Штип е склучен за 15 години, а сепак граѓаните се движат во темница. За проблемот е известен и новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на ЈП Стипион Игор Ефтимов. И двајцата најавија дека проблемот ќе биде решен за еден месец од денес.
„Во една ваква околност кога граѓаните имаат потреба од подобрување на уличното осветлување од моја лична страна, го замолив и покрај тоа што не е прецизирано во самиот договор како негова обврска да се отклонат сите дефекти, да се направи времено промена на светилките кои не ги осветлуваат улиците во Штип и на тој начин граѓаните да бидат позадоволни“ – кажа Јорданов.
Граѓаните на Општина Штип имаат можност да пријавуваат проблеми со кои се соочуваат за новата Локална власт да може да им излезе во пресрет. Еден од проблемите кој веќе е констатиран е токму уличното осветлување.
„Најчесто од проблемите со кои се соочуваме во овој период се проблемите од јавното осветлување. Ние овие денови, односно од кога стапив на функција директор на ЈП „Стипион“ постојано сум во координација со економскиот оператор и можам да кажам дека од денес и утре ќе бидат санирани сите оние проблеми кои што ќе бидат пријавени“ – додаде Ефтимов.
Во оваа прилика Јорданов ги повика граѓаните и понатаму да продолжат да ги пријавуваат своите проблеми. Истовремено, повика на трпени и разбирање од страна на штипјани бидејќи во најкраток можен рок осветлување ќе добијат.
Лаура Стојанова М-Нет