СВР Штип и Трајков со демант на изјавата на ВМРО ДПМНЕ

По вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ поврзана со случувањата во театарот во Штип денеска со став излегоа и од СВР Штип и деректорот на Дом за култура Ацо Шопов Штип, Горан Трајков. Имено на прапшањата од ВМРО ДПМНЕ адресирани до СВР Штип, од полицијата истканаа дека пријави има и од двете страна, но исчезната белешка не.

„Во врска со случувањата во Домот за култура „Ацо Шопов“ во Штип во СВР Штип се евидентирани пријави од страна на неколку вработени за односот на директорот на Домот за култура кон нив, а исто така и од директорот се примени пријави за односот на вработените кон него. Во ниту еден случај нема исчезната службена белешка, туку напротив се постапува по сите пријави со цел расчистување на слуачите“ – кажаа од СВР Штип.

На ставот пак дека собата на Ацо Шопов е претворена во канцеларија, Трајков кажа дека не е точно односно дека собата се реконструира.

„30 години наназад и овие последните десет години нема една четка ставено за обелување, за да се освежат ѕидовите, да биде оваа соба репрезентативна. Не станува збр за уништување, станува збор за да се молерисува, да се среди ламинатот, некои работи кои се дотрајани да се поправат, значи ние работиме на санација на целиот објект.“ – кажа Трајков.

Истовремено пак во писмено соопштение се истакнаа и дел од вработените кои велат дека откако лицето Горан Трајков ја извршува функцијата директор на НУЦК Ацо Шопов Штип вработените се постојано изложени на деградација, повишени тонови, психичко малтретирање. Тие додадоа дека за ваквата ситуација се известени и Синдикатот за културни работници и Министерството за култура.

Лаура Стојанова М-Нет