
По повеќе од половина година конечно светлоста на денот ќе ја видат и граѓаните на улица „Панче Караѓозов“ во Штип. Утринава започна да се поставува првиот асфалтен слој, па ќе следи реконструкција на атмосферскиот канал, како и тротоарите.
„Како што најавивме брзо, ефикасно и квалитетно ги завршуваме проектите. Направивме координација за иведбите на улицата „Панче Караѓозов“ и за само неколку денови во координација и договор со изведувачот о денес започнуваме во завршната фаза во ставање во функција на оваа улица. Денес се поставува првиот асфалтен слој, веднаш по тоа се пристапува на реконструкција на атмосферскиот канал кој ќе биде финансиран од Буџетот на Општина Штип во вредност од два милиони денари и веднаш потоа реконструкција на тротоарите“ – кажа Јорданов.
Граѓаните задоволни што по повеќе од шест месеци конечно ќе може да се движат по нова улица.
Јорданов најави реконструкција и на останатите улици кој се започнати, а не завршени вклучително и улица Личка. Тој додаде дека водоводната линија е поставена на поголема длабочина па се очекува улицата да биде асфалтира до крајот на овој месец.
За улицата Панче Караѓозов нема конкретен ден кога истата треба да биде завршена, односно Јорданов посочи дека на неа ќе се работи во следниот период. Инаку, на оваа улица започнчна да се работи пред седум месеци од претходната Власт, но проблемите со водоводот и канализацијата го одложија нејзиното асфалтирање. На истата пред месец дена пораснаа патлиџани, а за целиот тој период граѓаните газеа по кал.
Лаура Стојанова М-Нет