
За само шест месеци вратени се половина милион евра од долгот на Општина Штип. Со вакво темпо на враќање на долгот градоначалникот Јорданов ветува дека до крајот на мандатот целосно ќе го исплати долгот на Општината. И ако се земе заем по четири години, Општината ќе биде помалку задолжена од тоа во каква ситуација е сега, додава Јорданов.
„Јас одговорно тврдам дека на крајот од мојот мандат ќе го вратиме долгот кој некој пред мене го генерирал во висина од пет милиони евра и кога ќе ја оставам јас Општината односно оваа локална власт ќе замине, Општината ќе има помалку долг од тоа што го наследив јас. Општината во овој момент наследи пет милиони долг и за помалку од шест месеци вративме половина милион евра, до крајот на мојот мандат ќе бидат вратени овие пет милиони евра, а нормално ние мора да ги менаџираме средствата и да градиме капитални инвестиции.“ – кажа Јорданов.
Јорданов истовремено посочи дека откако ќе заврши ревизорскиот извештај, ќе се знае зошто е зголемен долгот по основ на камата, зошто не се враќале ратите од кредитот, зошто даноците на имот се наплаќале селективно и на тоа одговори ќе се бараат пред обвинителна клупа.
„Кога ќе стигне извештајот на Заводот за ревизија, затоа што имавме четири месеци ревизори коишто го следеа работењето во минатото на претходните Локлани власти, јас ќе пријавам во обвинителство и ќе го елаборирам во јавноста сѐ она што се работело во иминатите години“ – додаде Јорданов.
Во оваа прилика тој остакна дека ако добијат согласност од Министерството за финансии за да земат заем, тие пари ќе бидат искористени за капитални проекти за доброто на градот и граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет