Јорданов вети реконструкција на улиците и повеќе паркинг места во Стар Конак, вечерва на средба со граѓаните

Исарот и Стар Конак на дневен ред на советничката листа и кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Иван Јорданов. Јорданов и членовите на советничката листа, Весна Кожинкова и Димитар Белиќ, преку промотивен спот ги прикажаа приоритетните проекти за жителите на овие населби.

„Наш приоритет ќе биде реконструкцијата на водоводната мрежа и уредување на старите и дотраени улици во Исарот. Наша задача е да ги уредуваме и реконстурираме улиците, но и да обезбедиме повеќе паркинг места на овој дел од градот. Децата кои гравитираат кон централните населби заслужуваат убави и модерни детски игралишта и паркови, а младите и возрасните – хортикултурно уредување на патот до спомениците и Исарот. Наша обврска во овој дел на градот е да го направиме она што граѓаните го очекуваат од нас“, истакнаа тие.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата вечерва на мини – митинг, средба со граѓаните од Стар Конак, ќе ја претстават својата програма со она што тие го нудат за подобрување на животот во населбата.

Ребека Спасова МНет