
Во пресрет на квалификациските натпревари на Македонија за пласман на СП во 2022 г.селекторот Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи кои се повикани за предстојните два натпревари. Фудбалската репрезентација на Македонија на 8 октомври во Вадуц ќе се сретне со селекцијата на Лихтенштајн а на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе се сретне со селекцијата на Германија и тоа на 11 октомври оваа година. На „ радарот“ на селекторот Благоја Милевски се најдоа имињата на двајцата штипјани кои нестрпливо ја очекуваат својата стартна шанса во состав на новиот селектор. Бобан Николов имаше здравствени проблеми и конечно е потполно фит а неговиот нов тим Шериф Тираспол синоќа ја направи најголемата сензација во европските купови победувајќи го Реал во Мадрид со резултат 1:2 . Вториот штипјанец Бојан Миовски е вистински „снајпер“ за екипата на МТК од Будимпешта и со неговите атрактивни голови се освоени драгоцени бодови. Спортската јавност се погласно бара од селекторот конечно и Николов и Миовски да добијат шанса во оваа нова селекција без Горан Пандев и да дадат свој придонес во националниот дрес. Дали до тоа ќе дојде останува да видиме и секако да се надеваме.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk