Јован Качевски ќе го суди дербито во Трета лига – Север меѓу БВК Коњаре и Еуромилк ГЛ

Денес ќе биде комплетирано 16. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север, а денес ќе биде одиграно и големото дерби меѓу БВК Коњаре и некогашниот прволигаш Еуромилк од Горно Лисиче.

Дерби кое е од капитална важност особено за гостинскиот тим кој ќе го напаѓа првото место кое води во баражот за Втора лига, а дека е од голема важност оваа дерби говори фактот што ќе го судат искусни прволигашки судии.

Јован Качевски од Струга ќе биде главен судија на теренот во Средно Коњари, негов прв помошник ќе биде Мартин Дејаноски од Кичево, а пак втор помошник ќе биде Зоран Јанкуловски исто така од Кичево.

За четврт судија е делегиран Димитар Левески од Охрид. За делегат на натпреварот е делегиран Антонио Насевски од Кратово, додека пак Зоранчо Темелков од Кавадарци.

Ова ќе биде дуел на петтопласираниот БВК Коњаре и третопласираниот Еуромилк ГЛ соочување за првото мест окео води во баражо за Втора лига.

Што се однесува до останатите натпревари од 16. коло од Трета лига – Север, Фортуна дома ќе игра против некогашниот второлигаш Кадино, Беса Влазрими во Слупчане ќе го пречека Башкими Љуботен, ССК Нова на теренот во Кадино ќе игра со ланскиот второлигаш Локомотива Пехчево, Риниа ќе биде домаќин на Петровец.

Бутел на теренот во Раштак ќе го пречека фаворитот Шкендија од Арачиново. Вчера, лидерот Куманово со 3:1 лесно го доби Аеродром и додаде нови три бодови на своето конто на патот кон влез во Втората лига, за што телевизија М Нет објави детален извештаи од овој натпревар.

Александар Ванев, М-Нет