Општина Штип доделува стипендии за ученици со попреченост од основните и средните училишта за учебната 2026/27

Јавен повик за доделување стипендии за ученици со попреченост од прво до деветто одделение, како и за ученици со попреченост од средните училишта, објавува Општина Штип за учебната 2026/2027 година. Како што информираат од општината, стипендиите се наменети за учениците со попреченост кои следат редовна настава во основните општински и средните училишта. Сите информации за условите за аплицирање, потребната документација и роковите се наведени во јавниот повик, достапен на официјалната веб-страница на Општина Штип.

„Општина Штип објавува Јавен повик за доделување стипендии на ученици со попреченост од прво до деветто одделение, вклучени во редовното образование во основните општински училишта, како и Јавен повик за доделување стипендии на ученици со попреченост од средните училишта, вклучени во редовното образование, за учебната 2026/2027 година. Ги информираме сите заинтересирани дека на страната на општината се достапни сите информации поврзани со јавниот повик, како и пријавата за стипендија која треба да се пополни и достави согласно условите и роковите наведени во повикот.“, велат од општината

Со доделувањето на стипендиите, Општина Штип има за цел да им помогне на учениците со попреченост и да им даде дополнителна поддршка во текот на нивното образование.

Иван Митев, М-Нет