Почна садењето на лук и кромид во нивите во радовишко, земјоделците очекуваат плодна година

Почна садењето на лук и кромид со апарџик на отворено во нивите во радовишко.
Земјоделци од селото Јаргулица велат дека временски услови засега се поволни.
Според нив, лукот е почувствителен на студ, додека кромидот полесно ги поднесува пониските температури.
Насадите се без заштита од фолии и целосно зависат од временските прилики.
Павле Илиев од ова земјоделско село вели дека годинава засадил околу декар и пол.
Вели дека почнала сеидбата и на пролетната зелка.

,,Моментално лукот се даи, кромид, не мрзне. Лукот има шанса, а кромидот не. Зелка се сее онаа пролетната под фолии, a кромидот и лукот не е под фолија. Во Јаргулица, јас посадив околу еден декар. Очекуваме и се надеваме годината да биде плодна.“, велат земјоделците

Бидејќи лукот успева по тешко цената е драстично поголема за разлика од кромидот, истакна Илиев. Вели разликата е голема уште од порано

Во новата година, особено земјоделците кои секој петок се на штипскиот пазар, очекуваат годината да биде врнежлива, бериќетна и плодна, за да како што велат и да заработуваат и да продаваат производи со добар квалитет.

Иван Митев, М-Нет