
Јавна дебата за новиот Предлог-закон за високо образование вчеравечер се одржа на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, во присуство на министерката за образование Весна Јаневска. На истата се разговараше за предложените законски решенија, критериумите за работа на универзитетите и условите што треба да важат подеднакво за сите високообразовни институции. Како што истакна ректорот Дејан Мираковски, биле презентирани и синтетизирани сите забелешки од страна на Универзитетот, кои ќе бидат доставени и разгледани во понатамошната постапка.
,,Беше презентиран законот кој што е во подготовка. Ние како универзитет веќе имавме можност да израземе одредени дискусии, да разговараме на оваа тема и денеска ќе биде моментот, кога нашите ставови околу новиот закон за високо образование ќе биде продискутирани. Генерално јас сум задоволен од тоа што на УГД се прифаќа потребата од нов закон, кој што ќе даде јасна и квалитетна рамка за развој на универзитетите. Имаше многу забелешки синтетизирани се генерално забелешките и денес ќе бидат од наша страна презентирани. Забелешките се однесуваат на нормализирање на условите, односно да нема разлика помегу големите и малите универзитети, да се сведат на професор на 100 професори, еден проект или еден труд на еден професор, за да можеме да и големите и малите имаат исти услови ред законот.“, рече Мираковски
Од лице место на настанот, министерката Јаневска, потенцираше дека на Македонија и е неопходно ново законско решение за високо образовние, бидејќи како што рече потребно е поткревање на квалитетот во ова образование, во кое академската заедница ќе покаже проактивност, особено во научни истражувања.
,,Законот ќе биде поставен уште релативно кратко време, за да може академската заедница да ги види забелешките, бргу да изреагира и потоа оди во владина процедура. Зошто? затоа што на Македонија и не неопходно ново законско решение за високо образование. Потребно е поткревање на квалитетот на високто образование, во кое академската заедница професорка, овде и студентите се дел од кадемската заедница, ќе покаже проактивност особено во научните истражувања затоа што едукацијата и научното истражување во нашиот образовен систем и не само во нашиот се две неразделни целите. Не може да има добар професор на академско ниво кој не ги следи новините во неговото поле, подрачје или област, бидејќи технолошкиот развој во овој момент, па и не само технолошкиот, целиот свет подлежи на силни промени и ние мораме да ги подготвиме нашите студенти и идни академски граѓани да ја зајакнат државата , односно да обезбедат проперитет на државата.“, истакна Јаневска
Инаку, Дел од предлозите беа прифатени и ќе бидат вградени во понатамошната верзија на законот, додека дел остануваат предмет на дополнителна анализа и дискусија.
Иван Митев, М-Нет