Штипски Мал Ајакс новата сезона во Втората футсал лига ја отвара против Кратово, Овче Поле против Конзули

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Со 13 екипи ќе започне новата сезона од Втората футсал лига на Македонија, а стартот е закажан за 12 октомври.

Во новата натпреварувачка сезона 2024/2025 ќе се натпреваруваат ланските прволигаши Карадарку и Овче Поле од Свети Николе, потоа екипите на Енхалон, Каршиака, Конзули, Кратово, Кораби, штипски Мал Ајакс, Победа, Сее Университи од Тетово, ССК, Балкан и екипата на Партизан Југ од Брвеница.

Стартот на првото коло донесе меч во Штип меѓу Мал Ајакс и Кратово, Кораби ќе игра против Партизан Југ од Брвеница, екипата на Енхалон ќе се соочи со Сее Университи во Струга, Конзули на домашен терен ќе го пречека Овче Поле од Свети Николе, ССК оди на дуел Со Балкан, а пак Победа ќе игра со ланскиот прволигаш Карадаку. Во рамки на првата рунда слободна ќе биде екипита на Каршиака, која една недела подоцна ќе го одигра првиот меч од новата сезона.

Како и во претходната сезона, така и во новата сезона од Втората футсал лига првите две екипи ќе обезбедат место во Првата футсал лига, додека пак последните две од Првата футсал лига ќе испаднат во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет