
Законот за интонирање на државната химната во училишта, ќе биде вратен, ако тоа е неопходно истакна денес министерката за образвоание и наука Весна Јаневска во својата изјава. Таа вели дека законот е повчеен поради меѓуетнички тензии и таа како одговорен министер нема да си дозволи во првите закони кои што ги донесува министерството да се вклучи политика, за која цело време се зборува дека не треба да биде вклучена никаде, особено не во образованието.
“Целиот закон e повлечен, токму заради таа одредба и уште две три други одредби кои и не беа толку важни во однос на суштинските реформи, кои се вршат во средно образование. Мене ми е жал што политички теми станаа предмет на толку бурни дискусии. Јас како одговорен министер за образование и оваа влада не може да си дозволи во првите закони кои што ги носиме за образование да се вклучи политиката, за која цело време велвме дека не треба да биде вклучена никаде, а особено не во образованието. Ниту како одговорен министер за образовани ќе си дозволам да поткревам меѓуетнички тензии и затоа законот е повлечен.”, вели Јаневска
Во наредниот период ќе се дискутира на оваа тема, вели Јаневска и додава дека доколку не се најде заеднички јазик законот ќе биде вратен и без таа одредба, ако тоа е неопходно.
„Ќе продискутираме уште малку на таа тема, но доколку не најдеме заеднички јазик, битно е да поминат всуштинските реформи во средното образование и законот ќе биде вратен и без таа одредба, ако тоа биде неопходно.“, додава Јаневска
Во согласност со ситауацијата, во изманиот период речиси сите училишта ја инотираа во еден глас химната, која секој понеделник беше вметната во програмата пред почетокот на наставата.
Лаура Стојанова, М-Нет