Мицкоски: Жестоко ќе реагираме, ако видиме дека се случуваaт несакани појави со цените

Жестоко ќе реагираме, ако видиме дека се случуват несакани појави со цените. Премиерот Христијан Мицкоски во денешната изјава истакна дека трговците ги намалија цените пред новата за речиси 10 проценти, а некаде и повеќе и како што додатно вели очекува ваквата ситуација да продолжи и во деновите кои следат. Истакна дека и понатаму се вршат следења на трговците преку ДПИ.

„Моравме да интервенираме и да покажеме колку сме сериозни во намерата да не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити. Тие ги намалија цените пред Нова Година, некаде 10% некаде и повеќе. Очекувам овој тренд да продолжи и во деновите кои следат. Ако некој мисли дека ние не го следиме сето ова се лаже. Ако ги гледаме профитите на трговски ланци ќе дојдеме до заклучок дека станува збор за покачување на цените и тоа не е добро. Верувајте жестоко ќе реагираме ако видиме дека се случуваат не сакани појави“ – вели Мицкоски.

Она што е заклучно за пензионерите е тоа дека за девет месеци пензиите ќе бидат зголемени за 5000 денари со додатните 2,500 во март, додава Мицкоски

Во согласност со ситуацијата, мерката за намалувањето на цените на производите кои што спаѓаат во новогдишната кошничка започна од 15 декември и ќе трае заклучно до 15 јануари. Како што посочи и премиерот, владата жестоко ќе реагира доколку има непочитување и во овие останати денови до 15 јануари. Целта е да се овозможи пониски цени за граѓаните за преме на предстојните новогодишни и божикни празници. Во врска со пензиите, со додатните 5000 денари од март пензионерите исто ќе имаат соодветни услови за живот.

Лаура Стојанова, М-Нет