
Еден и половина метар растојани мора да има помеѓу учениците при полагање на државна матура, рече денес министерката за образование и наука Јаневска. Таа денес од Штип повика на свесност кај учениците, родителите и наставниците да не се дозволи препишување за време државна матура, бидејки на тој начин наместо добро, тие прават огромна штета. Образованието во државата таа го отценува како ниско или уште лошо.
Средните училишта од Штип веќе знаат каде матурантите ќе ја полагаат државната матура, односно во кои простории и амфитеатри на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип истакна денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска која одговараше на прашање за подготовката на полагање на државната матура во Штип и во училиштата низ цела држава.
-Кампус 4 е определен за регионалниот центар и Гиманзијата и во Кампус 2 се останатите училишта. Сите училишта од Штип, кои кажале дека имале потреба од соодветен простор ќе полгаат во амфитеатрите на УГД, затоа што исто така му благодарам на ректорот за разбирањето и на деканите се разбира за разбирањето на оваа потреба, вели Јаневска.
Дополнително министерката Прашана за електронските индекси за студемнти, таа со одговор рече дека штипскиот Универзитетот „Гоце Делчев“ веќе го има завршено овој процес.
Иван Митев, М-Нет