
Скада системот, инфраструктура, продолжување на булевари, нови улици, делумна реконструкција на Исарот, уредување на просторот кај бања Кежовица се капиталните проекти за наредната 2026 година во Штип. Дел од нивното финансирање ќе биде и наредната година, па се дел од развојната програма на Штип во периодот до 2028 година.
„Се работи за проектите кои беа финансирани во 2025 година, односно продлжување на булевар Партизанска, каде реалиацијата е веќе трета година. Потоа проектот за изградба на СКАДА систем, изградба на крстосница на булевар „Партизанска“ со „Сремски фронт“, проектот за изградба на улица број 1, конзервација и делумна реконструкција на Акрополот и уредување на парк покрај бања Кежовица.“ вели Трендафилова.
Овие проекти се од развојниот дел на Буџетот на општината и беа усвоени на денешната седница на советот на Општина Штип. Со воведување на Скада системот ќе се намалат загубите на вода за пиење, а со вложување во инфраструктурата ќе се подобрат условите за живот на граѓаните но и нивната безбедност.
Лаура Стојанова Ќрчов, М-Нет