
Мали сипаници се доста сериозна заразна болест предизвикана од вирус. Утринава на повеќе портали осамна веста дека шестчлено семејство од Карбинци, е заболено од морбили односно мали сипаници, и истото било префрлено на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип. Со болеста не се здобиле само децата туку и повозрасните членови од семејството. Одговор за вака настаната ситуација побаравме од самата Клиничка болница Штип.
„Моментално на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, нема болни пациенти, кои се згрижени на нашето одделение со морбили. Можеби има заразени лица, но за повеќе информации обратете се кај нивните матични лекари.“ – изјави Шуманска, потпарол на КБ Штип.
Веста дека заразата се шири крена паника кај населението, бидејќи болеста останува една од водечките причини за смрт кај малите деца на глобално ниво, и покрај достапноста на безбедна и ефикасна вакцина.
Лаура Стојанова М-Нет