
Познати новите програми по кои ќе учат првачињата од септември, темит кои ке се обработуваат по секој предмет и како ќе се одвиваат часовите. Во прво одделение дечињата ќе учат да се почитуваат подеданкво меѓусебе, да се грижат за животната средина, за животните и растенијата, ќе учат да препознаваат лага од вистина, и дека сите треба да ја сакаме државата без разлика на кој јазик се зборува дома. По мајчин јазик првачињата ќе учат да читаат и пишуват, да раскажуваат и прераскажуваат приказни што ги слушаат, учтиво да се однесуваат со другите, да поставуваат и одговараат на прашања. По математика ќе учат да бројат до 100 да собираат и одземаат до 20, да го мерат времето, како и решавање на задачи со размислување. Првачињата ќе изучуваат и предмет општество и природни науки. По општество ќе учат да ги почитуваат правилата во училиштето, ќе се запознаваат со своите чувства и начинот на нивно искажување, одговорноститет во домот, околината. По природни науки ќе имаат можност да научат како да се грижат за своето здравје, лична хигиена, физичка активност и здрава изхрана.
-Ова се некои теми од програмите за мајчин јазик, математика, општество и природни науки. Идните ученици уште од прво одделение ќе се запознаваат со важни теми како што се родова еднаквост, медиумска писменост, корупција преку соодветно прилагодени содржини за нивната возраст. Силно верувам дека реформата ќе донесе многу повисоко ниво на квалитет во основното образование, информираше министерката за образование Мила Царовска.
Со овие реформи во образованието за првачињата не е предвидено како ќе се спроведе он лајн настава доколку истата треба да продолжи и од септември.
Лаура Стојанова М-Нет