Приведен пробиштипјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеник

На 29.12.2021, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го привеле К.А. (32) од Пробиштип затоа што во 04.15 часот на ул. „11 Октомври“ во Пробиштип агресивно се однесувал кон полициски службеник кој преземал службени дејствија. По комплетирање на случајот против К.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.