Штип УГД е на чекор од шампионска титула – одбојкарите ќе испишат нова историја со двојна круна

ФОТО: ОК Штип УГД

Штип УГД е на чекор од нова голема клупска историја откако стигна до 2-0 во полуфиналната серија совладувајќи го ГОК Борец во Велес со 0-3 во сетови.

Тимот на Кристиан Ристески одигра нов перфектен меч со максимален учинок и веќе станува повеќе од јасно дека во петок Штип УГД ќе биде прогласен во нов шампион на Македонија.

Велешкиот тим одлично го започна мечот со водство од 7:1 во првиот сет, а предност Борец испушти и при 20:17, а потоа следуваше комплетен пресврт и сетот Штип УГД го доби со 24:26 за 0-1.

Во вториот сет сосема поинаку беше – Штип УГД убедливо го доби Борец со 14:25 за 0-2, а во третиот сет беше понеизвесно, откако штипјани сетот го доби со 23-25.

Махди Задмард со 17 поени беше најефикасен во редовите на Штип УГД, но и на самиот меч, Јуниор имаше 13 поени, а Стојан Илиев со девет. Во редовите на ГОК Борец, Оливеира постигна 11 поени, додека Бастос и Лепидовски имаа по 10 поени.

Третиот меч од финалната серија е закажан за петок во Штип, со почеток од 19 часот, кога Штип УГД ако го добие мечот ќе стане нов шампион во Првата одбојкарска лига на Македонија во машка конкуренција.

Александар Ванев, М