
Одбојкарите на Штип УГД продолжуваат со својата перфектна форма откако со 1-3 во сетови славеа на гостувањето кај Борец во Велес, во рамки на деветтото коло од плеј-офот на Првата лига.
Тимот на Кристиан Ристески првиот сет го доби со 16:25, а вториот со неверојатни 29:31 што само по себе ја потврдува тежината на овој меч и важноста на триумфот. Во третиот сет велешани се покажаа во подобро светло освојувајќи го сетот со 25:9. Во четвртиот сет штипјани беа подобри со 15:25 за уште еден голем триумф.
Сушево немаше проблем и лесно стигна до максимална победа од 0-3 во сетови против Универзитет во Тетово резултатот низ сетови беше 20:25, 16:25 и 25:27.
Шампионот Струмица исто така имаше гостинска победа од 0-3 во сетови откако го доби Работнички со 16:25, 23:25 и 27:29.
Шкендија славеше над Македонија Џио во гости со 0-3 во сетови, а резултатот беше 9:25, 15:25 и 14:25, натпревар од деветтото коло на плеј-аутот. Екипата на Весна Пробиштип на домашен терен беше поразена со 1-3 во сетови од Лирија. Првите два сета му припаднаа на гостинот со 19:25 и 16:25, а веќе во третиот сет домаќинот беше подобар со 25:13. Во четвртиот сет Лирија беше подобра со 20:25 и го освои мечот со 1-3 во сетови.
Натпреварот меѓу Скопје и Јанта Волеј е одложен.
Александар Ванев, М-Нет