
Одбојкарите на Штип УГД утре во рамки на 8. коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига ќе се соочат со екипата на Работнички, во меч каде момците на Кристиан Ристески одат по уште една нова победа како фаворитит на патот кон двојната круна.
Натпреварот ќе се игра во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, со почеток од 18 часот, а поддршката од трибините за одбојкарите ќе биде голема, како ветер во грб за триумф против скопскиот тим.
Утре, исто така ќе се одигра мечот меѓу Сушево и актуелниот шампион Струмица, а пак Универзтет во Тетово ќе го пречека Борец.
Во рамки на плеј-аутот вечерва Лирија ќе игра со Македонија Џио, додека пак утре Јанта Волеј ќе се соочи со Шкендија, а пак Скопје ќе биде домаќин на Весна Пробиштип.
Александар Ванев, М-Нет