
Овој викенд фудбалот на Истокот со едноминутно молчење ќе оддава почит за трагедијата во Кочани. Со одлука на ОФС Кочани, сите натпревари во Трета лига – Исток ќе започнат со едноминутно молчење, а оваа одлука се однесува и на екипите во сите рангови на натпреварување, а кои се членови на ОФС Кочани.
Со едноминутно молчење натпреварите ќе ги започнат второлигашите Осогово, Каменица Саса и Слога Виница, како и екипите од Првата женска фудбалска лига, Кочани и Каменица Саса.
Во понеделник 16 март е точно една година од големата трагедија која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 63 лица, а околу 200 лица беа повредени и хоспитализирани во болници во Македонија и странство.
Меѓу починатите лица имаше и неколку спортисти, животот го загуби фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров кој потекнува од кочанската населба Оризари како и младиот голман Дамјан Тасески од Штип.
Александар Ванев, М-Нет