
Одбојкарите на Штип УГД го освоија „Чајка“ Супер купот во Тетово, откако славеa со максимални 3:0 во сетови против ГОК Борец од Велес, со што штипјани со трофеј ја започнуваат новата сезона.
Избраниците на Кристиан Ристески првиот сет го добија со 25:15, вториот сет со 25:16, а во третиот сет штипјани беа подобри со 25:15.
Новото засилување Александар Љафтов беше избран на МВП на натпреварот.
Штип УГД во новата сезона ќе ја брани двојната круна, откако минатата сезона по првпат ја освои шампионската титула, а по третпат Куп титулата, со што штипјани ќе дебитираат во ЦЕВ Лигата на шампиони.
За тимот на Ристески ова е одличен почеток на новата сезона со освојување на првиот „Чајка“ Супер куп, а за голема радост на тимот од градот под Исарот.
Александар Ванев, М-Нет