Во живо на М Нет: Осогово – Еуромилк, сабота 15 часот

Седмото коло на Втората лига го носи мечот во Кочани меѓу Осогово и Еуромилк ГЛ, дуел на две екипи кои сезоната ја сведуваат на борба за опстанок, а меч каде немаат право на грешка ниту „жетварите“, ниту „лисиците“, дуел кој ќе го следите во живо на М Нет телевизија.

По шест кола Осогово и натаму чека нa триумф и со два бодови е на претпоследното место, а пак Еуромилк ГЛ е место над тимот од Кочани со четири бодови.

Гостинот од Горно Лисиче во Кочани доаѓа со новиот тренер Љупчо Димоски, кој ќе треба да обезбеди опстанок со Еуромилк, со што в сабота ќе го има првиот предизвик кон таа цел.

Осогово не смее да погреши пред домашната публика, со триумф ќе остане во опасната зона, но ќе го помине Еуромилк на табелата и ќе биде бодовно блиску до зоната за опстанок, што од друга страна ќе значи и прв чекор кон борбата за опстанок.

Натпреварот меѓу Осогово и Еуромилк гледајте го во живо на М Нет телевизија, сабота од 15 часот.

Александар Ванев, М-Нет