Штип предновогодишно ќе светне речиси идентично како и минатата година

Штип предновогодишно ќе светне речиси идентично како и минатата година. Со оглед на фактот дека е енергетска, но и финансиска криза, градоначалникот Јорданов истакана дека нови финансикси средства нема да бидат одвоени од Буџетот на Општина Штип за дополнителни реквизити, но дека новитет во украсувањето ќе биде внесен. Од денеска започна со поставување на новогодишните реквизити во централното градско подрачје.

„Она кое што сакам да го споделам со јавноста во Штип е дека во овој момент се украсуваат одредени подрачја, централните градски подрачја се украсуваат со веќе постоечките украси и реквизити кои што од претходни години Општина Штип ги има набавено. За ова нема да се издаваат нови финансиски трошоци и издатоци, но исто така во соработка со бизнис заедницата одлучивме во еден дел од централното градско подрачје да направиме еден новогодишен базар, едно мало катче каде ќе можеме да ги анимираме сите наши сограѓани, поготово најмалите“ – кажа Јорданов.

Средства од Буџетот на Општина Штип се предвидени само за трошоци за украсување и открасување.

„Станува збор само за трошоци за поставување на украсите кои што се во рамките на она кое што го имаме предвидено, некаде околу 100 илјади денари“ – додаде Јорданов.

Предновогодишниот базар е предвидено да се постави позади Безистенот во Штип, со што граѓаните би можеле да ја почувствуваат новогодишната атмосфера и да уживаат во својот град. Дполнително на ова Јорданов истакна дека се уште не е донесена одлука дали ќе се наградува најубаво украсен двор или институција, но истовремено кажа дека најверојатно нема да има конкурс со цел во енергетска криза граѓаните да не се потикнуваат дополнително да ги осветлуваат своите куќи и дворови. Единствено е можно да има само признание доколку има некој прекрасно украсен двор. Штип предновогодишно ќе светне кон средината на месецов.

Лаура Стојанова М-Нет