Иван Иванов е новиот в.д. директор на КЈП „Водовод“ Кочани

Јавното претпријатие „Водовод“ од Кочани од денеска има нов в.д. директор, односно оваа функција ќе ја врши Иван Иванов. На примопредавањето кое се одржа во просториите на КЈП „Водовод“, Иванов истакна дека првиот ден ќе го искористи за запознавање со ситуацијата во претпријатието, како и со вработените.

„Денот ќе го искористам во запознавање, односно скренирање на состојбата со претпријатието, запознавање со вработените. Предизвикот да се биде на оваа функција е голем, одговорноста е уште поголема. Ќе го вложам целото мое знаење и умеење за „Водовод“ да го направам европска фирма“ – кажа Иванов.

Претходниот директор на ова претпријатие Андреј Киров во оваа прилика истакна дека претпријатието се остава во солидна состојба, како во врска со возниот парк и вработениете, така и финансиски, односно нема долгови и неисплатени плати.

„Претпријатието е во одлична кондиција, особено во делот на опрема и инвестиции кои сме ги имале до сега. Околу 90% од возниот парк е обновен во овие четири години. Во делот на финансиската состојба овде немаме никакви проблеми и потешкотии, на сметката има оставено сретства за да може претпријатието да функционира, плати исплатени, нема никакви заостанати долгови“ – додаде Киров.

Киров од функција директор на КЈП „Водовод“ е променет по неговата дадена оставка пред да му истече мандадот, а по промената на Власта во Кочани. Тој на вункција вд директор на Водовод Кочани беше назначен во 2017 година, а претохдно оваа позиција му припагаше на сегашниот градоначалник на Општина Кочани Љупчо Папазов.

Лаура Стојанова М-Нет