
Во новата сезона од Првата А и првата Б женска кошаркарска лига учество ќе земаат по осум екипи или вкупно 16, но во новата сезона Штип останува без женска кошарка во сениорска конкуренција, откако ЖКК Тим Арена одлучи да не пријави учество во сениорска конкуренција, туку да стави акцент на младите категории.
Во новата сезона ЖКК Тим Арена пријави учество во М14 и М16 лигата.
Во однос на Првата А женска кошаркарска лига учество ќе земаат бранителот на тронот Баскет Кам од Македонска Каменица, Вардар, Куманово Кризли, Крива Паланка, МЗТ Скопје Аеродром, Бадел, Пробаскет од Кавадарци и Патриот од Делчево.
Овде три екипи доаѓаат од Скопје, а по една екипа има од Македонска Каменица, Куманово, Крива Паланка, Кавадарци и Делчево.
Во однос на Првата Б кошаркарска лига учесво ќе земаат осум екипи, а тоа се Струга, Шкупи, Охрид, Гостивар, Јан Бор од Кавадарци, Риниа, Пониква и Спорт Тим. Во однос на тоа од каде доаѓаат екипи, само една е од Скопје, а останатите се од Струга, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Неготино и Кочани.
Во однос на екипите од Истокот тука се Баскет Кам од Македонска Каменица и Патриот од Делчево кои се во Првата А лига, а пак во Првата Б лига е екипата на Пониква од Кочани.
Александар Ванев, М-Нет