
Второлигашот Брегалница денес одигра пријателски натпревар на Градскиот стадион во Штип со прволигашот Силекс и истиот го загуби со резултат од 1:2.
Силекс имаше два гола предност, а двоен стрелец беше Ади Алиќ, додека пак за штипјани Иванов од пенал ги постави конечните 1:2.
Прволигашите следниот викенд продолжуваат со натпревари, додека пак второлигаши и следниот викенд ќе одмараат поради настапат на аматерската репрезентација на Македонија на турнир во Србија.
Александар Ванев, М-Нет