
Со положување свежо цвеќе пред споменикот на борците и со свечен собир на тврдината Исар, денеска се одбележа 81-година од ослободувањето на Штип. На овој значаен датум, граѓаните, претставниците на локалната власт, политички партии, здруженија им оддадоа почит на хероите кои го ослободија градот. Свечениот говор го одржа претседателката на Советот на Општина Штип, Весна Кожинкова-Карагунова, потсетувајќи на историското значење на 8 Ноември за Штип и неговите граѓани.
,,Денес стоиме пред историјата, пред споменот на денот кога Штип ја доби својата слобода. 81 година од оној 8 ми ноември, кога храбрите борци на народно ослободителната војна го ослободија нашиот град, оставувајќи зад себе пример на непокор, решителност и љубов кон татковината. Штипјани тогаш, како и многу пати низ вековите, покажаа дека слободата не се подарува, таа се освојува со срце, жртва и идеал. На овој свечен ден сме овде, на Исарот препознатливиот симбол на нашиот град, за да ја одбелжиме годишницата на неговото ослободување. Историјата на градот Штип памети храбри, добри и сладољубици луѓе.“, рече Кожинкова Карагунова
Таа и понатмау повикува делото на борците да биде потсетник дека љубовта кон градот и татковината се покажува со посветеност и единство
,,Нека нивната жртва стане наш патоказ, а нивниот пример дека градот се сака со дела. Нека им е вечна слава, нека ни е честит 8 ми ноември.“, додава Кожинкова-Карагунова
Свеченоста заврши во достоинствена и свечена атмосфера, со изрази на почит и благодарност кон сите што го впишале Штип во страниците на слободна Македонија.
Присутните положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на борците, потсетувајќи дека нивното дело е темел на денешната слобода.
Иван Митев, М-Нет