Новоселската црква „Св. Димитриј“ утрово преполна со верници, на големо се слави Митровден

Црквата „Свети Димитрија“ во штипското Ново Село денес собра голем број верници, за да го одбележат неговиот празник Митровден. Од раните утрински часови, верниот народ се собра во храмот кај местото викано Јавор, за да присуствува на богослужбата посветена на светецот Димитрија. Молитвите и песнопенијата одекнуваа низ храмот, исполнувајќи го просторот со мир и благодат. Свештениците потсетија дека Свети Димитрија е пример на храброст и вера, кој ги води луѓето кон добрина и човечност. Денеска, Митровден се одбележува со длабока духовна порака и чувство на заедништво меѓу верниците.

Инаку Свети Димитрија или уште познат ден како Митровден се празнува секогаш на 8 ноември, менува ден, но никогаш датум. И оваа година граѓаните ги упатија своите молитви кон Свети Димитрј, посакувајќи си само љувов,здравје и спасение. Свети Димитрија многупати се покажал како чудотворен и милостивен.

Иван Митев, М-Нет