Штип низ призмата и визијата на Јорданов

На чекор пред новите локални избори кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов го гледа Штип со напредна, креативна и развиена економија. На денешната прес конференција Јорданов истакна дека во претходниот период голем дел од ветувањата на претходниот и сегашниот градоначалник на Штип не се реализирани, а се повеќе млади го напуштаат градот под Исарот.

„На чекор пред новите локални избори штипјани сфатија дека не ја добија посакуваната гасификација, жичара на Исарот, спортско рекреативен центар во Суитлак со сала за борење и бокс, изманипулирани се со изградбата на брана на река Отиња, нема ниту една инвестиција домашна или странска“ – додаде Јорданов.

Јорданов  истакна дека преку неговата призма Штип е град во кој младите може да си ги оставарт своите соништа.

„Јас го гледам Штип со бројни содржини, паркови, велосипедски и пешачки патеки, терени за домашни миленици, детски и спортски игралишта преку кои ќе ја промениме перцепцијата за социјален живот на моите сограѓани“ – истакна Иван.

Штип треба да биде место каде сите граѓани ќе уживаат во секојдевието и ќе располагаат со доволно финансии за нормален живот, додаде Јорданов.

Лаура Стојанова М-Нет