
На 11 март оваа година беше добитник на големото признание на Светската Еврејска организација за неговото авторство што пред 36 години беше поставено во центарот на градот. Методи Андонов како автор и творец на овој споменик успеа да ги вреже имињата на сите 551 штипски Евреи кои во 1943 г. беа депортирани и убиени во Треблинка. Многу уметнички дела, куќи, улици од Штип беа пресликани од неуморниот Методи Андонов на неговите платнат да сведочат за некогашните стари времиња. Често пати беа пресликани и многубројни угледни и познати штипјани а во голем број беа застапени спортски и музички ликови на неговите карикатури. Методи Андонов е автор и креатор на споменикот на најпознатиот штипски фудбалски” враголан” Драгослав Шекуларац а неше и нарезделен дел од Макфестовското шоу кое го краси музички Штип. Нека му е вечна слава и фала и нека Господ – Бог му дари Царство небесно. Драги Герасимов – Пушкa Mnet.