Општина Штип ги реализира сите потребни превентивни мерки за заштита од коронавирус, секојдневно се врши дезинфекција на јавните површини, а се дезинфицираат и возилата кои влегуваат во градот, изјави денес градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.
Штипските текстилни компании во голема мера помагаат во надминување на оваа криза. До сега за граѓаните на Штип кои се најизложени на опасност од зараза изработија 14 илјади заштитни маски, вели Бочварски.
Славица Величковска