Штипјанката Марија Анчева убедливо најдобар стрелец во ракометната Суперлига!

Ракометарката на Астибо, Марија Анчева е убедливо најдобар стрелец во Суперлигата, откако штипјанката во ракометната елита постигна фантастични 136 погодоци на 13 натпревари.

Анчева која стандардно е најдобар стрелец во изминатите години во Суперлигата, во есенскиот дел постигнуваше по нешто над десет погодоци на меч во просек.

Зад Анчева заврши Зорица Андовска, која за „фенерџијата“ Спартак постигна 115 погодоци, што значи дека Анчева има 21 погодок повеќе од Андовска, а пак 45 погодоци повеќе од третата позиција, а овие две ракометарки се со троцифрен број на погодоци, сите останати оваа есен постигнаа по стро погодоци.

На третото место на листата на најдобри стрелци заврши Мариана Силва Азеведо која за Куманово постигна 91 гол, Леона Миленкоска е најдобар стелец на Вардар, а со 88 гола е на четвртото место. 80 гола за Пелистер постигна Анастасија Тодоровска, Емилија Ризоска постигна 77 за Ѓорче Петров, а пак Биљана Дамчевска за Чаир постигна 72 гола, на осмото место заврши Стефанија Ѓорѓиевска која за Ѓорче Петров постигна 65 гола, на деветтото место на листата на најдобри стрелци е Рона Мифтари со 63 гола за Чаир, а пак Марија Јанкуловска е најдобар стрелец за Металург Автокоманда со 62 гола за десетто место.

Александар Ванев, М-Нет