
Младата Андреа Нисева од Штип, по четврти пат стана Балкански шампион во борење, откако во Романија со импресивни борби стигна до златниот мелда, што е уште една потврда за огромниот талент на Нисева, која е максимално посветена на овој спорт, а која е член на боречкиот клуб Олимпија од Штип.
„По четврти пат сум балкански шампион, првото Балканско првенство ми беше во 2022 година во Романија, второто Балканско првенство ми беше во 2023 година во Грција, третото Балканско првенство ми беше во 2024 година во Скопје, Македонија и последното Балканско првенство во Романија. Забележа три убедливи победи и задоволни се моите тренери Нисев, Николов и Сичков. После Балканското првенство имаме подготовки за 2026 година во која ме очекува Европско првенство во Самоков, Светското првенство во Азербејџан и Младински олимписки игри во Дакар, Сенегал“, вели Нисева.
Нисева овој медал го посвети како што вели на своите клупски пријатели кои се борат како што вели со дискриминација од страна на македонската борачка федерација, а Нисева е принудена да се бори за Бугарија, наместо за Македонија.
„Овој медал е посветен на моите клупски пријатели кои седум години се борат со дискриминација од страна на македонската борачка федерација и мој совет и моја препорака е да не се откажуваат од своите соништа и да продолжат да се трудат“, додава Нисева.
Младата Нисева вели дека првото Балканско првенство било најтешко за нејзен во однос на останатите Балкански првенства, а на кои таа има четири златни медали.
„Првото Балканско првенство ми беше најтешко, поради тоа што најголем резултат ми беше таа година и поголем беше стресот и тремата“, изјави младата Нисева.
Конкуренцијата на Балканското првенство во Романија била доста добра со одлични натпреварувачи.
„Конкуренцијата беше доста добра имаше доста добри натпреварувачи и оваа година учествуваше и репрезентацијата на Турција и затоа конкуренцијата беше поголема“, завршува Нисева.
Андреа Нисева е нижи огромни успеси низ Европа, носи медали од сите големи настани, а пред нејзи има подготовки за Европското првенство, Светското првенство и Младински олимписки игри.
Александар Ванев, М-Нет