Се празнува Покров на Пресвета Богородица, штипско Ново село со божествена литургија

Во штипскот Ново село денеска се слави големиот христијански празник – Покров на Пресвета Богородица. Редици верници од рано утрово ја исполнија црквата, посветена токму на денешниот ден, молејќи се здрави, среќа и мир. Небесната владчица и брзопослушница навистина Богородица и денес останува поттик за да верниците ги надминат сите искушенија и неправди и да поверуваат во вечноста, која беше прикажана преку нејзиниот син спасител Исус Христос. Пресвета Богородица, граѓаните ја чувствуваат и чествуваат секој ден, не само денеска. Новоселки денот го почнуваат и завршуваат во молитва и мир.

Инаку, празникто Покров на Пресвета Богородица се празнува секогаш на 14 октомври, менува ден, но никогаш датум. На овој ден граѓаните си спомнуваат за чудото кое се случило во 10 век во црквата во Цариград, ширејки го својот покрив – наметка – над верниот народ, симболично покривајќи ги сите со својата милост, заштита и мајчинска грижа.

Во време на предизвици, овој празник потсетува: каде што е Богородица – таму е и утехата, тивката сила и надежта, бидејќи таа е радоста на нажалените, утехата и засолниште на немоќните, прибежиште на вдовците на сиромашните, сенадежна утеха на навредените, силна на беспошните и брзопослушница на сите страдални.

Иван Митев, М-Нет