Раздвижен штипскиот пазарен ден, купувачите задоволни, но и производителите. Иако нема работници сепак робата на пазарот е со врвен квалитет. Производителите велат дека препратите за одгледување се скапи , па тие се прилагодуваат на нив. Велат дека побарувачката денес е зголемена, а како и секој петок купувачите така и овој купуваат зеленчук, за да си приготвуваат салата.

„Најтешко е да се продаде, најтешко е да се продаде тука па во Штип нема ни тезга нема ни пазар нема ништо. Има тука побарувачка добро е цел ден возам количка носам роба тука нема каде да оставеш, кога ќе се пуште и другаа страна подруго ќе е. Тешко е малку мора да работеме. Не нема никој и да сакаш да дадеш пари нема кој да работе. Мора ние старите да се мачеме, ние сме земјоделци не одеме секој ден на пазар. Тоа што ќе го произведеме тоа го продаваме.“ – изјави Ѓорѓиев
„Одма ќе кажеме дека денеска пазарот е прекрасен има голема фреквенција и има излезност така ќе имаме доборо пазарче. Искрено да ви кажам дека тешко е денеска во денешно време и услови е многу тешко. Скапи се премногу препаритет, најскапи се препаратите. Квалитетот е најдобар добар е за ваа сезона е супер. Се гледа дека е зголемена побарувачката, особено денеска посебно е зголемена. Патлиџан тражат кајсии, праски и тражат секакво овошје.“ – додава Јованов
Купувачите велат сепак сега сме во сезона во која изглегуваат освежителните овошки, јагоди, цреши каде по секоја цена ги купуваат за да се освежат. Велат во Штип нема лоша роба и целата се купува до крајот на денот. Затоа што купуваат храната која е основен елемент за преживување.
„Не е ногу скапо, пензиите се мали. Према времето во мај сме сеа, пенизиите се слаби да се покачат а цените да останат ќе може да се проживее.Моментално добри се во Штип нема лоша роба. Мора да се јаде затоа што купуваме основна храна, а велат дека во Штип се се продава затоа што сме готовани. “ – додаваат штипјани
Децидни дека пензиите се мали, но не е скапо. Пензионерите бараат да се покачат пензиите, а цените да останат исти за да бидат прилагодени врз нашиот стандард.
Лаура Стојанова, М-Нет