Тројца штипјани од Hiking Crew ’21 се искачија на врвот Атос на 2030 м.н.в

Тројцата штипјани Александар Мариќ, Методи Трајчев и Димитар Ташков се искачија на врвот Атос во Грција на 2030 м.н.в. Планината е на третиот крак во Света Гора во Грција.

Света Гора или официјално Автономна Монашка држава Света Гора.

Како што опишуваат за телевизија М Нет, чувството кога се искачиле на оваа висина за нив било прекрасно чувство кое не може да се опише.

Тројцата штипјани најпрво биле пречекани со грчко кафе и ракија традиција која е карактеристичка за Атос, во манастир преспиваа една вечер и следниот дел ја продолжиле кон нивната цел за искачување на врвот Атос.

Света Гора или Атос воедно е име и на познатата планина Света Гора на полуостровот по која е наречена монашката држава. Во областа се сместени над 20 православни манастири во рамките на автономна држава под грчки суверенитет. Само на монасите им е дозволено да живеат на Света Гора, и моментално на неа живеат околу 2.000 монаси. Самата инфаструктура налага да се движите само со магариња, додека пак за да влезите внатре потреба ви е виза.

Поради долгиот пат тие морале да преспијат во манастир, кој се наоѓа на 1500 м.н.в., а следниот дел го искачиле врвот Атос.

За Мариќ, Трајчев и Ташков уште еден интересен предизвик кој успешно го совладале.

Александар Ванев, М-Нет