
Дебели сме бидејќи јадеме многу леб е честата изрека на штипјани. Без разлика даки е здраво да се јаде или не, анкетираните штипјани велат дека секојдневно го конзумираат барем еднаш во денот. Месењето домашен леб сеуште е традиција која се применува кај повозрасните граѓани, а младите одбираат да се служат со готов леб. Голема е дилемата кај граѓаните за избор на бел или црн леб, но според анкетираните црниот леб содржи боја и истиот сметаат дека е вештачки, имајќи во предвид дека во државата има ретко сеење на р’ж.
“Колку е здраво да се јаде леб. Би можел, но и не можам да кажам и сепак треба да се јаде нешто. За мене зависи од лебот и не е скап , намалено е брашното, намален и лебот.“, истакна а граѓаните
“Па убаво е да се јаде, ние месеме домашен леб.“, велат граѓаните
Дел од граѓаните истакнаа дека, потребно е здрава исхрарна и многу по малку мрсна храна за да се нормализира телото.
“Треба да се намалува лебот посебно за старите лица, ние дебелееме од лебот. Овошје зелечук и малку мрсничко да содржи телото. Нема врска лебот и тој што е црниот вие што го јадете е обоен. Р’ж нема во Македонија. Најбаво домашно, ама во мала количина, јас сум дебел од тоа што јадам леб многу.“ додаваат граѓаните
“Кајсии јадеме повеќе, а леб јадиме секаков. Кога јадиме ориз и компир тогаш без леб“
Согласно со ситуацијата Во Македонија 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина. Кај нас, согласно последните податоци на Институтот за јавно здравје објавени во март годинава, дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6 проценти, а кај децата и адолесцентите за 7,4 отсто споредено со 1990 година.
Лаура Стојанова, М-Нет