
Нова година и Божиќ да се слават со срце, а не со пиротехнички средства односно петарди. Од полицијата апелираат до граѓаните како и годините претходно да не се користат пиротехнички средства, со цел да се зачува здравјето на граѓаните. На терен оваа година штипјани се со поделено мислење з атоа колку лесно може да се набават петарди и колку често се користат. Но најголемиот дел од анкетираните граѓани се согласни дека не треба да се користат петарди, бидејќи за забава има и други начини.
Во склоп на ова денеска МВР спорведе симулациска вежба на која беа прикажани последиците од користење на петарди, како и повредите кои може да настанат од истите. Во акцијата се вклучи и Црвениот крст, а апелот останува ист, петардите да не бидат составен дел од претстојните забави.
„Организравме симуалциска вежба за граѓаните да може граѓаните на лице место да видат што се случува кога користат пиротехнички материјали, петарди. Апелираме да славиме со срце и да не користиме пиротехника“ – вели Андреевски.
На теритроија на СВР Штип користењето на пиротехнички средства е намалено потврдија денеска од полицијата, но велат сѐ уште не е целосно отстрането. За доброто на граѓаните петардите да не се користат потенцираат и од таму.
Лаура Стојанова М-Нет