
Стрелките на часовникот се поместуваат еден час наназад – од утре почнува зимското сметање на времето. Граѓаните на терен категорични, ваквата промена непотребна, која создава главоболки. Телото тешко се навикнува, а причина за ова нема, велат минувачите. Некои додаваат дека поместувањето на стрелките влијае на спиењето и расположението. Се чини дека оваа двојна промена на времето секоја година, на граѓаните им создава повеќе проблеми отколку корист.
Граѓаните се едногласни, времето не треба да се менува. Тие велат дека треба да остане исто, за сите да можат нормално да функционираат и да се навикнат на својот ритам.
Граѓаните додаваат дека постојаното менување на времето создава само конфузија и стрес. За нив, најважно е секојдневниот ритам да остане стабилен, без ненадејни поместувања на стрелките. Сметаат дека ако времето се задржи исто, животот ќе тече поопуштено и полесно за сите генерации.
Иван Митев, М-Нет