
Екипата на Соколи се намачи на гостување во Свети Николе, каде по многу борба на теренот штипјани беа подобри од Овче Поле со резултат од 109:112, во рамки на третото коло од Првата кошаркарска лига.
Натпревар кој понуди голем број на поени вкупно 221 поен што го прави мечот од Свети Николе најефикасен по број на постигнати поени, а потврда за неизвесноста и големата борба на теренот од страната на двете екипи за да стигна до победата.
Штипјани до победата стигнаа во екстра период од пет минути, откако немаше победник во оние регуларни 40 по 96:96. Кога беше најпотребно при 109:109 искусниот Никола Караколев постигна победничка тројка со што тимот од Штип забележа триумф.
Во однос на останатите натпревари Црн Дрим со 95:78 го доби Младинец, Вардар со 88:70 славеше против Охрид, Спортисимо се распадна откако загуби со 45:102 од Струмица ФМП, а пак Струмица Ролинг доживеа пораз од Бутел со 81:103.
Екипата на Мега Баскет со високи 110:84 го доби натпреварот против Водно Санс на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет