Штипјани денес го празнуваат заштитникот на градот Св. Николај, чудотворец Мирликиски

Со света божествена архиерејска литургија посветена на Светиот чудотворец Николај Мирликиски и камбаните кои ѕвечеа под ист ритам, граѓаните на Штип денес го одбележуваат патрониот празник на градот. Со многубројни пресни погачи, свежо цвеќе и голема молитва, тие денеска се поклонија пред светата икона на овој чудотворец, кој е закрилник на градот под Исарот. Не паметат и тие од кога овој празник се слави во Штип, па како што велат со сеќавање за М-Нет и нивните предци не знаеле од кога. Овдешните снаи кои некогаш дошле од другите краеви, велат дека тука вистински се чествува празникот.

Инаку, на денешната божествена литургија ја одржаа архиепископот Охридски и Македонски гг Стефан, заедно со митрополитот Брегалнички Иларион, како и свештениците од брегалничката епархија. Покрај денес и вчера се оддржа литургија на која присуствуваа сите од локалната самуправа, а се доделија и признанијата по подов патрониот празник.

Лаура Стојанова, М-Нет