Штипјанката Незифе Османова боледува од рак на црниот дроб, за да се оперира се потребни 20.000 евра

Штипјанката Незифе Османова боледува од рак на црниот дроб и моментално е хоспитализирана во болница во Р.Турција. Потребно е да се изврши итна операција, која со болнички трошоци би чинело 20.000 евра. Со болка во срцето, сопругот Јашар Османов, со текстуална порака ги замоли сите хумани граѓани кои што можат да и помогнат со донации на негова трансакциска сметка, бидејќи тој со неговото семејство е со минимални приходи и не се во можност да ја обезбедат оваа сума. Инаку, Незифе има само 47 години па за да таа остане здрава и жива сега е потребно само хуманост.

Лаура Стојанова, М-Нет