Штипјани го поздравија големиот успех на Петар Мијалков, кој стана вицешампион во БМУ Европскиот шампионат!

ФОТО: М Нет телевизија

Професионалниот мотоциклист Петар Мијалков стана вицешампион во БМУ Европскиот шампионат, а денес во знак на неговата успешна сезона беше органиран настанот „Шампионски круг“ каде Мијалков беше поздрав од штипјани, а шампионскиот круг во Штип го предводеше Мијалков со моторџии од цела Македонија.

„Искрено, да беше тешко. Има повеќе формули, работа, тренинзи и физичка активност и многу возење со мотор“, рече Мијалков.

Веќе следната сезона Мијалков оди во шампионат од повисок ранг на натпреварување, тоа го најави во гостување во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија, а денес потврди, во шампионат каде Мијалков ќе вози по патеки за првпат.

„Имаме нови патеки каде што ќе возиме за првпат, тоа ќе биде „Панонија ринг“ и „Истанбул Парк“ овие патеки ги немам возено досега, но се надевам дека брзо ќе се снајдеме и таму и дека ќе направиме добар резултат“, изјави Мијалков.

Мијалков останува и во новата сезона да се натпреварува со истиоит мотор, кој како што вели е со постара технологија.

„Да, со тој мотор со стара технологија од 2016 година секако е тешко, но ќе дадеме се од себе за да можеме да бидеме конкурентни, во тој шампионат. Засега немаме таков план затоа што сме слаби со финансии“, додава Мијалков.

Штипјанецот вели дека овој спорт е многу скап и потребни се многу финансии за да се помине една сезона.

„За да се помине една сезона да биде се како што треба да нема падови, да нема дефекти по моторот од 30.000 до 35.000 евра. Две години работам макотрпно за да се тркам од оваа година се надевам ќе се најде некои спонзори и дека ќе ме поддржат во овој спорт“, вели Мијалков.

На новото шеталите во Штип беше поставен боксот на Мијалков кој се монтира за време на неговите трки, а граѓани имаат можност да се фотографираа со неговиот мотор, да ги погледнат медалите и пехарите.

„Искрено многу убаво поминавме им благодарам на сите што дојдоа со мене и да ми ја дадат оваа поддршка на сите клубови што присуствуваат на овој настан. Имаше од Скопје од соседните градови повеќе мотори, искрена благодарност до целата организација кој ми ја овозможи мојот тим, општина Штип, градоначалникот Иван Јорданов, многу му благодарам и нему, кој што ме поддржа во овој спорт. Само сакам да кажам дека нема да застанеме овде, продолжуваме понатаму, со нови успеси, нови победи за поголеми резултати“, рече Мијалков.

Поддршка за Мијалков има и од општина Штип и градоначалникот Иван Јорданов, кој рече дека е гордост што Мијалков е државен првак на Македонија и европски вицешампион.

„Навистина ми е чест и задоволство, што денес во Штип нашиот сограѓанин Петар Мијалков врши промоција на опремата и на достигнувањата коишто во изминатиот период ги има постигнато, токму во нашиот град ја врши таа промоција на опремата кон нашите сограѓани да имаат можност да погледнат како се подготвува и со каква опрема настапува на сите натпреварувања, навистина е гордост за нас како град што нашиот сограѓанин Петар Мијалков е државен првак и европски вицешампион. Се надевам во периодот кој што следи и со поддршка на локалната самоуправа ќе има можност да настапува на повеќе натпреварувања ширум Европа и на тој начин да го промовира нашиот град и да постигнува уште поголеми успеси и резултати“, рече градоначалникот Јорданов.

За штипјанецот Петар Мијалков оваа беше негов најголем успех, најавува дека во иднина ќе има уште поголем успеси со што ќе биде горд неговиот град, но и Македонија.

Александар Ванев, М-Нет