
„Не лути се човече“, „Икс точка“, шах и многу други игри може да се играат на отворено во новиот забавен парк за деца кој е пуштен во функција кај паркот Пролет во Штип. Паркот има и инклузивен карактер бидејќи дел од игрите се прилагодени за децата со попречености. За овие содржини Локалната самоуправа издвои околу 2,5 милиони денари.
„Еве денес со задоволство можам да споделам со јавноста дека дечињата ќе имаат можност да го користат овој забавен парк. Ќе имаат можност да ги играат познатите игри како не лути се човече, лего, шах. Овие игри може да се практикуваат на отворено. Има и инклузивен карактер затоа што дел од игрите се прилагодени за децата со одредени хендикеп. Издвоение се 2,5 милиониденари“ – вели Јорданов.
Денеска на лице место во новиот парк можеа да се забележат многу насменани детски лица. Ова е причина поради која можеме да бидеме горди, псоочи Јорданов додавајќи дека паркот може да се користи и да придонесе за поголема забава кај најмалите.
Лаура Стојанова М-Нет